Вака изгледа домот на Томи Хилфигер

Славниот моден дизајнер Томи Хилфигер решил да ја продаде својата величенствена вила во Мајами уште пред една година, а кога ќе ги погледнете фотографиите ќе се прашате зошто некој би продал ваква куќа.


Огромната вила поседува седум раскошни спални соби, осум купатила и уште четири посебни тоалети.


Она што е најинтересно е што сите спални соби се различно уредени, но имаат една заедничка карактеристика – експлозија на силни бои и неверојатна елеганција.


Куќата, секако поседува и голема кујна, раскошна трпезарија, дневна соба, кино, лифт, теретана и пространи ходници, а сите простории се одликуваат со тавани кои се украсени со необични детали.
Доколку сте воодушевени од ентериерот, екстериерот ќе ве остави без здив – огромниот двор, исполнет со зеленило и цвеќиња го красат два базени.


Хилфигер ја ставил вилата на продажба во 2017 година за 27,5 милиони долари, а сега е “на акција” – се продава за 23,5 милиони долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.