Министерството за одбрана на Русија за прв пат го претстави ракетниот систем „Оресник“ . Според извештаите, единицата опремена со ново оружје влезе во борбена должност во Белорусија.
На видеото објавено од Министерството за одбрана, може да се видат војници како го креваат знамето на Ракетните сили на Руската Федерација, а потоа се движат кон стратешки позиции и ги заземаат.
Претходно, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека новиот ракетен комплекс „Оресник“ се наоѓа на територијата на републиката од 17 декември и дека влегува во борбена должност.
Лукашенко нагласи дека „првите позиции се опремени со ракетниот комплекс „Орешник“.“
Лукашенко неколку дена подоцна, поточно на 22 декември, изјави дека на територијата на Белорусија нема да бидат инсталирани повеќе од десет руски „Орешници“.
The post Вака изгледа „Оревокршачката“ на Путин: Министерството за одбрана на Русија за прв пат го покажа смртоносното оружје appeared first on Во Центар.



