Вака изгледа ќерката на Есма Реџепова! Пејачката посвои 47 сина и само едно девојче: Таа тргна по стапките на својата мајка (фото)

Легендарната пејачка на ромска музика, Есма Реџепова, почина во 2016 година на 73-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.

Покрај богатото музичко наследство, таа остави зад себе и 48 посвоени деца.

47 синови

Заедно со нејзиниот починат сопруг, Стево Теодосиевски, таа посвои дури четириесет и седум сина , а во 2012 година одлучи да посвои ќерка за прв пат во животот, која пејачката ја сметаше за свој музички наследник.

– Не е тајна дека Стево и јас не можевме да имаме свои деца. Но, преку бракот, се реализиравме себеси како родители повеќе од другите.

– Има жени кои родиле десет или дванаесет деца, но мислам дека сум единствената на светот која е мајка на четириесет и седум сина – изјави таа еднаш за списанието „Hello“.

Единствената ќерка

Ќерката на Есма Реџепова, Еленора Мустафовска, тргна по стапките на својата мајка.

Студирала соло пеење на Универзитетот ЕСРА во Скопјe, а пред три години се приклучила на семејната група „Есма бенд“.

Починатата кралица на ромската музика имаше кариера долга 55 години , а од 2013 година ја носи титулата национален уметник на Македонија.

– Се сложуваме одлично, исто како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежните години е подобро да имам женско дете со мене отколку машко дете и не се погрешив – рече тогаш Есма.

Елеонора студирала на Универзитетот ЕСРА во Скопјe. Три години е членка на „Есма бенд“, која ме следи – зборуваше Есма за нејзината Елеонора.
The post Вака изгледа ќерката на Есма Реџепова! Пејачката посвои 47 сина и само едно девојче: Таа тргна по стапките на својата мајка (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: