Вака македонските одбојкари ја прославија победата (ВИДЕО)

Машкиот национален тим на Македонија во одбојка, ја совлада Белорусија со 3:1 (по сетови 23:25, 25:19, 29:27, 25:20), што е прва победа за “жолто-црвените“ на европските првенства.
Македонските одбојкари веруваа во триумфот и успеаја да испишат историја. Најзаслужен беше капитенот Никола Ѓорѓиев со 37 поен.
Во другиот меч од групата во Љубљана, Русија без проблеми ја победи Финска со 3:0, па в среда Русите и Словенците ќе имаат директен дуел за првото место.
Денес (17:30 часот) во последниот настап од групната фаза, противник на избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ќе биде домашната Словенија. Евентуална победа за Македонија ќе значи шанса за осминафинафинале, но сепак ќе зависи од другите натпревари до крајот во Ц-групата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK