сабота, 14 ноември 2026
Најново

Вака се уништуваа македонските возила во Грција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Многу Македонци за продолжениот велигденски викенд заминаа во Грција, а некои од таму се вратија разочарани. Десетици семејства наместо да се вратат со убави спомени од продолжениот викенд, велат дека долго ќе го паметат празникот кој буквално им преседнал, бидејќи им биле уништени возилата, објави ФОКУС.
Кавадаречко семејство кое било сместено во хотел во Афитос, на првиот крак, во саботата вечерта завршило со демолиран автомобил за кој никој не слушнал и видел ништо. Искршени стакла, ретровизор, избушени гуми биле сликата која ја затекнале, а пријавиле и во полиција.
Имало и неколку џипови со целосно искршени стакла.
На граничниот премин Богородица кај Гевгелија најмногу возила имаше во петокот наутро, иако многумина се упатија во Грција уште во четвртокот попладне, по завршувањето на работното време.
Снимка направена од безбедносна камера, објавена на Фејсбук покажува три маскирани лица како почнуваат со уништување на македонските возила паркирани во Грција.
Погледнете:

Поврзани вести