Вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува во центрите за јавно здравје низ државата, а ќе се започне во првата недела на ноември. Годинава за првпат вакцинацијата ќе биде бесплатна за лица постари од 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Вакцинирањето против грип е на доброволна база, но е препорачано за хронично болни и повозрасни пациенти.
Сите останатите лица кои сакаат да се вакцинираат, а не спаѓаат во овие категории износот што ќе треба да го платат сеуште се утврдува, информираат од Министерството за здравство.
Обезбедени се вкупно 28.000 дози вакцини за заштита од сезонски грип за 2018/2019 година.
Станува збор за најнова четиривалентна вакцина против грип, која заштитува од четири видови грип и е произведена во француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.
Пронајдете не на следниве мрежи:


