Валери Залужни назначен за амбасадор на Украина во Велика Британија

Поранешниот врховен командант на украинската армија, Валериј Залужни, денеска е назначен за украински амбасадор во Велика Британија.

Указот за назначување на Залужни беше потпишан од украинскиот претседател Зеленски, кој претходно во март објави дека ја прифатил неговата кандидатура за функцијата, пренесува „Унијан“.

Зеленски на 8 февруари го разреши Залужни од позицијата врховен командант на вооружените сили наведувајќи ги неуспехот на летната офанзива и стагнацијата на ситуацијата на фронтот.

Пронајдете не на следниве мрежи: