Ване Цветанов избегал од Македонија, за бугарска ТВ тврди дека е РЕПРЕСИРАН (ВИДЕО)

Поранешниот функционер Ване Цветанов и сопруг на поранешната мис на Македонија Дунавка Трифуновска избегал од Македонија откако пред 4 месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 илјади евра. Бегството самиот го пријави синоќа во телевизиско интервју за бугарската телевизија „Нова“.

Ване Цветанов избегал од Македонија, за бугарска ТВ тврди дека е РЕПРЕСИРАН (ВИДЕО)

Ване Цветанов, како претседател на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата, ја ангажираше жена му Дунавка Трифуновска да му помага во работењето. Тој тогаш изјави дека нема нешто спорно во тоа што Трифуновска со која имаат склучено само црковен, но не и граѓански брак, работеше во институцијата со која тој раководеше.
Ване Цветанов избегал од Македонија, за бугарска ТВ тврди дека е РЕПРЕСИРАН (ВИДЕО)

„Станав еден од главните противници на Никола Груевски и многу му помогнав на Зоран Заев да дојде на власт“, ​​вели Ване Цветанов, поранешен директор на Надзорниот совет за ревизијa.

Ване Цветанов, како претседател на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата, ја ангажираше жена му Дунавка Трифуновска да му помага во работењето. Тој тогаш изјави дека нема нешто спорно во тоа што Трифуновска со која имаат склучено само црковен, но не и граѓански брак, работеше во институцијата со која тој раководеше.

„И сега сум жртва на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси“, додава тој во телевизиско интервју.

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција пред четири месеци поднесе кривична пријава против Цветанов поради постоење основано сомнение дека од позиција на в.д. претседател на тело основано од Владата, во периодот од 2021 до 15.3.2022 година, сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување со што за себе и за други лица, на штета на буџетот на телото прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 4.656.876 денари (75.722 евра).

Цветанов не се чуствува виновен.

„Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години“, тврди тој.

Од обвинителството велат дека поради презумпција на невиност не може да соопшти податоци за идентитетот на лицата против кои се води претходна постапка.

„Ќе се вратите ли некогаш во Македонија?“, го прашува бугарскиот новинар Ване Цветанов, при што тој одговара: „Не верувам. Она што го направив е избор и нема враќање назад“, категоричен е тој.

Цветанов во време на ВМРО-ДПМНЕ беше директор на на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам. Тој беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случајот „Шпион“, во октомври 2014. Беше осуден на 3 години затвор, а Апелациониот суд во октомври 2016 казната му ја намали на условна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело, пишуваше Сакам да кажам кога беше објавена кривичната пријава.

Цветанов беше гласен укажувач за криминалите на Владата на Никола Груевски. По излегувањето од затвор формираше навладина организација што се занимаваше со следење на судски процеси на политички затвореници од времето на Груевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.