Ватикан ќе изгради електрана на обновлива енергија вредна околу 100 милиони евра, која би можела да го снабдува Светата столица со енергија во рок од две години преку систем што ги комбинира сончевата енергија и земјоделството.
Се очекува агроволтаичната фарма да има капацитет од 80 до 90 мегавати, што ја прави една од најголемите вакви инсталации во Италија
Во ваквите електрани, соларните панели се монтираат неколку метри над земјата, така што културите можат да растат под нив, а сенката помага да се намали испарувањето и да се заштитат растенијата од екстремни временски услови.
Заедничка италијанско-ватиканска комисија се состана претходно овој месец за да го започне проектот на имотот „Санта Марија ди Галерија“, во сопственост на Ватикан, на северозападниот периферија на Рим.
Електраната би можела да биде завршена во рок од 18 до 24 месеци.
Ватикан, седиштето на глобалната католичка црква и дом на базиликата „Свети Петар“, е најмалата земја во светот, со 108 хектари земјиште и е дом на помалку од 900 жители.
Се очекува проектот да снабдува со електрична енергија радиодифузната станица на Ватиканското радио, а енергијата би можела да ја користат и објекти поврзани со Светата столица, вклучувајќи ја и болницата „Бамбино Гезу“ во Рим.
Вишокот електрична енергија ќе биде достапен за Италија.
Проектот беше приоритет за покојниот папа Франциск, првиот папа што го прифати научниот консензус за климатските промени, и беше одобрен од папата Лав XIV.
The post Ватикан инвестира 100 милиони евра во зелена енергија appeared first on Во Центар.



