Под слоганот “Ваш профит – наши животи”, денеска се случи протест во „Паркот на револуцијата“ во Кочани, точно во 15:59. Наместо да се упатат во планиран марш, собраните луѓе, меѓу кои беа и роднини и пријатели на жртвите од трагичниот пожар и вработени во дискотеката „Пулс“, останаа на местото на собирот за да оддадат почит на загинатите. Без да одржат говор, испратија писма до медиумите.
„И во оваа болка, се појави поделба меѓу народот. Остро се противиме на тврдењата дека протестот предвиден под мотото ‘Ваш профит – наши животи’ се однесува само на вработените во обезбедувањето. Загубивме и пострадани пријатели и роднини. Сите наши досегашни собири беа симбол на борба за правда за изгубените животи, подршка за семејствата со повредени деца и против несправедливото задржување на членови на обезбедувањето. Владее гнев кон овој корумпиран систем. Не треба да постои селективна правда“, стои во писмото до јавноста.
Организаторите на протестот истакнаа дека планираат дополнително да известуваат преку социјални мрежи и медиуми за можните продолжувања на протестните маршеви во идни денови.