Веднаш по отворањето на пазарите цената на нафтата рипна на 106 долари по барел!

Цената на брент нафтата веднаш по отворањето на пазарите рипна на 106 долари по барел. Викендот кога запре тргувњето цената на брентот на светските пазари беше 103 долари по барел.

Цената на нафтата во рок од две недели е на пат да се дуплира имајќи во предвид дека пред почетокот на војната на Блискиот Исток беше околу 60 долари по барел.

Светските експерти предупредуваат дека ако Ормутскиот теснец остане затворен и понатаму цената на нафтата може да достигне и до 150 и 200 долари по барел.

Ваквата цена на нафтата сериозно ќе ја зголеми инфлацијата во светски размери, а може да резултира и со рецесија и голема финансиска криза.

Пронајдете не на следниве мрежи: