Велешанец ја горел сопругата со цигари, го искршил домот

Полицијата информира за уште еден вознемирувачки случај на семејно насилство извршено врз жена – насилник ја горел сопругата со цигари и ја повредил, а и кршел предмети во домот.

Според МВР, тој бил уапсен синоќа.

„Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 22:40 часот лишиле од слобода 32-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот скршил предмети и со запалена цигара и нанел повреда на неговата 33-годишна сопруга. Случајот ќе биде процесуиран“, пишува во полицискиот билтен.

Во изминатите месеци имаше бран на случаи на брутално насилство извршено од мажи врз нивните партнерки, а најтрагичниот се случи токму во Велес, каде скопјанецот Илија Стефановски со нож ги уби поранешната девојка Росица Коцева и нејзиниот татко, Киро Коцев, по што се самоуби.

Пронајдете не на следниве мрежи: