Велешани повторно заработуваат на Трамп: Продаваат картички со ликот на поранешниот претседател

Група велешани повторно мамат и заработуваат на интернет, со продавање „милионски“ картички кои би добиле на вредност кога Трамп ќе победи, открива Радио слободна Европа. Ова е втор случај  да заработуваат благодарение на Доналд Трамп, откако на претходните претседателски избори во САД, велешани креираа повеќе од 100 политички веб-страници, каде се споделуваа лажни вести, кои ја фаворизираа политиката на Доналд Трамп.

Според истражувањето на Радио Слободна Европа (РСЕ) идентификувани се 69 луѓе кои создале лажни понуди за продажба на дебитна картичка со ликот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп (Trump). Пронајдени се и 88 веб-страници преку кои се нудат различни производи на, како што е посочено, „американските патриоти“.

Жртва на велешаните била бабичка од 86-години од САД, Ен Братон, која мислела дека нашла инвестиција во која ќе вложи шест илјади долари и ќе заработи четири милиони. Не ни насетила дека зад огласот за купување „Трамп картички“, поради кој изгубила илјадници долари, можно е да стои група луѓе од малото гратче Велес во Северна Македонија, кој веќе стекна неславна репутација по користењето на името на поранешниот претседател на Америка.

Пронајдете не на следниве мрежи: