Венчавка на повеќе од 700 парови на Денот на заљубените во Бангкок

– Стотици парови стапија во брак за време на колективната венчавка на 14 февруари – Денот на заљубените, во Бангкок на Тајланд.

Повеќе од 700 парови учествуваа на манифестацијата организирана во дистриктот Банг Рак на денот кој на локалниот јазик се вика и Ден на љубовта.

Некои од паровите во текот на церемонијата носеа традиционална тајландска облека, а голем број од нив за оваа прилика избраа кошули со ист дезен.

Пронајдете не на следниве мрежи: