Верижен судир на 10 автомобили се случил синоќа на автопатот Тетово – Гостивар поради замрзнување на коловозите во северозападниот дел на државата.
Центарот за управување со кризи информира дека се примени поголем број на пријави од возачи и граѓани.
Освен овој верижен судир, слушени се и една сообраќајка на локалниот пат Пирок – Боговиње и една на патот Тетово – село Требош.
На територија на Госстивар случени се вкупно 15 сообраќајки од кои на 10 е извршен увид, а на пет не е побаран увид поради договор меѓу оштетените страни.
Примени се и бројни пријави од граѓани од градовите Тетово и Гостивар, како и од околните населени места, за замрзнати споредни и локални улици.
По 22:30 часот не се примени нови пријави од граѓани.


