Вермонт, САД им нуди 9.000 евра на луѓето што работат од дома ако се преселат таму

Работењето од дома станува сè попопуларно и сè повеќе и повеќе компании вработуваат луѓе од други држави. Вработените кои се доволно среќни да најдат таква флексибилна позиција имаат слобода да живеат каде било во светот под услов да имаат добар Интернет. Ако работите од дома во голем град и ако се наоѓате во САД, можеби преместувањето на поживописно место ќе ви звучи примамливо. Ако не ви пречи студот, можеби Вермонт е совршеното место за вас.

Вермонт, САД им нуди 9.000 евра на луѓето што работат од дома ако се преселат таму
Иако Вермонт е богат со прекрасни пејсажи, даноците овде брзо се намалуваат а населението е сè постаро. Со цел да се надмине економската криза, гувернерот Фил Скот ветил дека ќе им даде на работниците речиси 9.000 евра со кои ќе им ги покрие трошоците за релоцирање.
Оваа „понуда“ почнува да важи од 1-ви јануари 2019-та година и грантот ќе им биде доделен на 100 луѓе секоја година во првите 3 години. Потоа грантовите ќе се доделуваат на 20 луѓе годишно. Условот којшто треба да го исполнувате е да работите од дома за компанија чие седиште е надвор од Вермонт.
Ако не сте подготвени за толку голем чекор, од Вермонт нудат и нешто друго. Другата програма има за цел да ги поврзи посетителите со локалните работници со надеж дека ќе ги убедат да останат постојано.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.