ВЕЧЕРВА НА ОВА МЕСТО ТРУПА СНЕГ БЕЗ ПРЕСТАН- еве каков викенд најавува УХМР почнувајќи од вечерва!

Вечерва на радост на сите љубители на зимата- врне снег.
Иако март е предвесник на пролетта снег вечерва без престан паѓа на Попова Шапка каде викендов времето може да го искористат сите љубители на природата и планината.
За жал снег не паѓа во ски центарот Маврово, но ски-сезоната таму одамна е започната.
Инаку УХМР за овој викенд најави дожд низ целата земја проследен со грмежи и ветер.
Времето во сабота ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на места пообилни со услови за појава на грмежи и силен ветер, со што се препорачува граѓаните да не се движат во шума и под дрва. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој ќе засилува долж Повардарието.


Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер.
Слично време не очекува и во понеделник.
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.