Вечерва 13 пожари на територија на Македонија, еден активен

Вечерва до 20:30 часот на територија на Македонија, на отворен простор има вкупно 13 пожари од кој еден е активен, во Општина Врапчиште, с. Добродол, гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во НП „Јасен“, во Гевгелија на планината Кожуф и мешана шума во с. Долгаец и с. Стровија.

Изгаснати се пожарите во Општина Куманово: ул. Доне Божинов (ѓубриште); Општина Долнени: с. Алинци (депонија); Општина Прилеп: с. Лагово (ниска вегетација); Општина Струга: с. Делогожда (стрниште); Општина Врапчиште 2: с. Врапчиште (ниска вегетација);Општина Брвеница: с. Радиовце (ниска вегетација и мешана шума); Општина Гази Баба: позади КПД Идризово (ниска вегетација); Општина Охрид: с. Мешеишта (сува трева и стрниште); Општина Тетово: с. Голема Речица (ниска вегетација и шума);

Пронајдете не на следниве мрежи: