Вечер во Собрание лидерска средба за СЈО ќе одржат Заев и Мицкоски

Откако минатата недела последната средба на работните групи на власта и опозицијата не вроди со плод, вечерва во 20 часот во Парламентот на лидерска средба, во формат еден плус четири решение за Законот за Јавно обвинителство, со кој се регулира и судбината на Специјалното јавно обвинителство ќе се обидат да најдат премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Иако во фокусот на средбата ќе биде Законот за Јавно обвинителство Мицкоски уште претходно најави дека ќе ја отвори и темата за предвремени парламентарни избори кои за него се неизбежни, додека за премиерот Заев не се посакувана опција.
Поради скратените рокови Законот за Јавно обвинителство се очекува да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство од пратениците, а неговото носење е клучно и за евроинтеграциите на земјава.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.