Вечно име Никола, Николина, Нина, Коле

Денес се празнува Св.Никола, заштитник на патниците и на морепловците.
Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености.
Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.
Денес именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.