Вељко и Богдана пресекоа- ова се строгите правила кои гостите ќе мора да ги почитуваат на нивната венчавка во недела!

Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ кој ќе се венча со Богдана Родиќ во недела на 24 ноември веќе ги поканија сите гости, а на поканите пишува дека сите жени треба да носат долги фустани, а мажите одела.
Пејачката Цеца полека, но сигурно ја подготвува свадбата за својот син Вељко и снаата Богдана Родиќ која во недела ќе се официјализира во еден белградски ресторан.
Поканите за свадбата на деценијата веќе се испратени до сите гости, а на истите стојат и неколку правила за присуство на венчавката.


На 500-тините гости им било напишано дека жените мораат да се облечат во долги фустани, а мажите во костими, се со една цел сите гости на венчавката да бидат гламурозни.
Со ова тешко дека на свадбата ќе се видат голи стомаци, нозе и длабоки деколтеа.
Адетите ќе бидат задржани на оваа венчавка, па така Вељко ќе оди по невестата, но таа дома ќе се врати само неколку часа пред да пристигнат сватовите.
Таа вечерта пред свадбата ќе преспие во вилата на Цеца каде и живее, бидејќи има закажано шминка и фризура во Белград, а потоа ќе се упати за Тител каде ќе дојдат сватовите по неа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.