ВЕЌЕ ГО ПРОГЛАСИЈА ЗА МРТОВ: Минута молк на дуелите од Премиер лигата во спомен на Сала

Веста дека потрагата по Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е прекината, практично значи дека фудбалскиот свет бавно и мачно ја прифаќа веста за трагичниот крај на двајцата.
Од Премиер лигата објавија дека натпреварите од шампионатот следната недела ќе започнат со минута молчење.
– Премиер лигата изразува жалење за веста дека активната потрага на Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е прекината.

Нашите мисли се со двајцата мажи и нивните блиски. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите пријатели ФК Кардиф во овој многу тажен момент. Во знак на почит ќе има едноминутно молчење за Емилијано и Дејвид на сите натпревари од Премиер лигата следната недела, објавија од Лигата на „Твитер“.
Од Кардиф исто објавија соопштение во кое информираат за лошите вести од потрагата и изразија сочувство до блиските на фудбалерот и пилотот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.