Веќе се знае кога Цеца ќе го жени синот, се очекува нова свадба на деценијата

Вељко Ражнатовиќ ќе се ожени со својата девоја, Богдана Родиќ која очекува негово дете. Свадбата е закажана за 24 ноември во еден од хотелите на српската престолнина. На свадбената свеченост ќе присуствуваат голем број пријатели на семејствата Ражнатовиќ и Родиќ, за да ја прославуваат големата љубов на Вељко и Богдана, откриваат српските медиуми.
Бидејќи семејството Ражнатовиќ се верници, свадбата ја закажале пред почетокот на Божиќниот пост кој почнува на 27 ноември.
Цеца веќе изјави дека ова е многу убава вест за нејзиното семејство, дека е пресреќна и дека се радува. Иако кога Вељко и ја соопштил радосната вест прво не можела да поверува рекла дека подоцна емоциите и се измешале. Не умеела, вели да го опише тоа чувство, но била зафатена од еуфорија, за да додаде дека снаата ќе ја мази и пази многу повеќе од претходно, за новиот член во семејството да го дочекаат со радост.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.