(Видео) Акција на МВР и Град Скопје во Шуто Оризари – Дислоцирани ситните продавачи

По пријава, Град Скопје денес спроведе акција преку комуналната инспекција на плоштадот во Шуто Оризари. За првпат во ваква акција се појави и полиција, по што беа дислоцирани ситните продавачи кои продаваа на плоштадот, со образложение дека се узурпира јавен простор, пренесува Рома прес.

Настанот предизвика реакции кај граѓаните. Дел од нив прашуваат дали ваквите акции претставуваат притисок врз најсиромашната категорија на граѓани, луѓе кои, како што велат, на најтежок начин се обидуваат да обезбедат парче леб за своите семејства.

Пронајдете не на следниве мрежи: