(Видео) Ангелов отиде во Чучер-Сандево и порача дека нема простор за паника, локален жител го демантира: „До пред малку имаше, загрозена беше црква!“

Откако Инфомакс објави видеа од пожарот во Чучер-Сандево, директорот на ДЗС Стојанче Ангелов отиде на дел од локацијата каде има пожар и порача дека нема простор за паника.

Локален жител го демантира.

„До пред малку гореше кај куќите и кај едната црква, многу беше лошо“ вели човекот кој учествува во гаснењето.

Претходно локалното население се обрати до Инфомакс бидејќи, како што истакнаа, немаат никаква помош и цел ден сами го гаснат пожарот. Тоа го потврди и Ангелов кој рече дека освен локалното население, две екипи на ТППЕ Скопје и Национални шуми, никој друг не помогнал.

Пронајдете не на следниве мрежи: