(Видео) Гого Славевски победи во БКФЦ, носеше посебни патики со македонски симболи!

Гого Славески продолжува со одличните настапи во БКФЦ, откако запиша нов триумф и ја зголеми својата победничка серија во организацијата на осум победи.

Македонскиот борец беше подобар од Џони Тељо, кого го совлада со едногласна одлука на судиите по пет исцрпувачки рунди.

Освен со настапот во рингот, Славески привлече внимание и поради впечатливата спортска опрема со која се појави на борбата. Тој носеше специјално изработени боксерски патики од македонскиот бренд „РВР“, во кои беа вметнати мотиви инспирирани од македонската историја, традиција и културно наследство.

Моделот е изработен рачно во соработка со самиот Славески, а во дизајнот се вклучени препознатливи национални симболи и традиционални елементи. Проектот бил реализиран непосредно пред борбата и е дополнителен начин македонската креативност да биде промовирана пред светската публика која ги следи настаните во БКФЦ.

На крајот, вечерта беше комплетирана на најдобар можен начин за Славески, кој со новата победа уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите имиња во организацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: