Голем пожар се доближува до населено место во Крива Паланка, алармира градоначалникот Сашко Митовски во обраќање во живо на Фејсбук.
– АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ!
ДА ПОМОГНЕМЕ ВО ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ!
Општината е зафатена од сериозни пожари кои се шират со голема брзина и претставуваат закана за домовите и безбедноста на нашите сограѓани.
Огнената стихија се приближува до населеното место Лозаново!
Мораме да дејствуваме веднаш!
Ги повикуваме сите граѓани што имаат можност и подготвеност – да се приклучат и помогнат во локализација и гасење на пожарите!
Секоја помош е од непроценливо значење – и секој човек значи разлика!
Ова е момент за единство, солидарност и хуманост.
Да се мобилизираме како заедница – за заштита на нашите домови и природа! – напиша Митовски на Фејсбук.

Од видеата кои ги испратија читатели на Инфомакс се гледа дека пожарот е навистина сериозен.
Од ДЗС не одговарат дали и како ќе се интервенира.



