(Видео) Голем пожар зафати куќа во Штип

Голем пожар избувна денеска во Штип при што зафати семејна куќа. Огнот брзо се прошири поради запаливата конструкција на покривот, а густ чад се издигаше високо над населбата, објави телевизијата Мнет.

Покрај пожарникарите, на местото пристигна и екипа на Брзата помош, подготвена да реагира во случај на повредени лица или граѓани кои вдишале чад. Дел од соседите и минувачите со загриженост го следеа текот на интервенцијата. Според информациите во пожарот има само материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: