(Видео) Гори брод во Охридско езеро, во тек евакуација

Репортерот на 4NEWS.mk кој во моментов се наоѓа во Охрид ги испраќа првите снимки од пожарот кој попладнево избувна на брод, објави 4NEWS.mk

Во моментов се врши евакуација на лица, а на лице место се присутни голем број полициски единици и пожарникари.

Последните информации се дека сите успешно се евакуирани од малиот брод.

Во моментов не се јасни причините за несреќата.

Пронајдете не на следниве мрежи: