Во четвртокот вечерта во неколку германски сојузни покраини се случија бројни сообраќајни несреќи, а за сите виновен е т.н. „црн мраз“. Тоа е тенок замрзнат слој на асфалтот кој се формира по замрзнат дожд или топење на снег на ниски температури. Најчесто е присутен во раните утрински часови и во ноќните часови, кога на патиштата има најмалку возила.
Жителите преку апликацијата за предупредување добиле известување во кое се повикува на внимателност поради појавата на црн мраз.
Весникот Bild ги предупредува жителите на Германија да возат внимателно:
„Црниот мраз ги претвора патиштата во писти опасни по живот. Прво мраз, па опасна магла“, се вели во написот на весникот.
Das heutige #Blitzeis hat mich zum Fall gebracht. Auf Kopfsteinpflaster war es besonders gefährlich.Riesen Shootout an die beiden Autofahrer, die sich sofort nach mir erkundigt haben! 🙏🏽Dem Fahrrad geht es gut. Ich habe einen fetten blauen Fleck am Popo; Knie und Handgelenk… pic.twitter.com/2oon1T6NXm— Ikaris 🦋 (@EBikeRadler) January 11, 2024
Најопасно било во северниот и источниот дел на Германија. Една возачка (41 г.) која се движела во правец на Столберг се лизнала по мразот со своето возило марка BMW на кое било закачено и приколка. Автомобилот без кочење удрил во семафор и се превртел. Дрвените палети кои биле во приколката биле расфрлани на коловозот, па морале да го затворат патот неколку часа.
Според податоците на германската метеоролошка служба, температурите на северот на земјата во петокот наутро се спуштиле до -5 Целзиусови степени, а официјалното предупредување за црн мраз во Берлин важело до 10 часот. На луѓето им се препорачува да останат дома доколку е можно.
Замрзната реката Рајна во Дизелдорф
Во Берлин пожарникарите прогласија вонредна состојба бидејќи сите нивни возила се во употреба. Само во четвртокот попладнето поради падови биле повредени над 50 лица. Само во областа Даме-Шпревалд во Бранденбург од 16 часот се случиле 12 сообраќајни несреќи.
Во јужниот дел на Германија полека станува се поладно. Германската метеоролошка служба очекува локални температури меѓу -4 и -9 °C. Во околината на Алпите и на планините и до -13 степени. Не само што ќе биде студено на север и исток, туку и возачите се во опасност поради лизгавите коловози.
Опасноста од црн мраз се враќа во сабота навечер. Возачите на север мора да бидат крајно внимателни, бидејќи на северозапад во подножјето на Алпите има густа магла на места со видливост помала од 150 метри.
In #Berlin und #Brandenburg ist es glatt, sehr glatt. Der Wetterdienst warnt vor #Blitzeis in der Region. Fußgänger sind ordentlich am schlittern. pic.twitter.com/FLrnnb9po3— rbb|24 (@rbb24) January 11, 2024
Пронајдете не на следниве мрежи:



