Клариса Вард, долгогодишна репортерка на CNN, известуваше во живо од Израел во момент кога ракета истрелана од Хамас прелета над неа и над снимателската екипа.
Камерманот успеал да го сними целиот тим како трча по засолниште со панцир со натпис „PRESS“, додека во позадина се слушаат експлозии.
„Момци, дали нè слушате ? Дали сте свесни за нашата ситуација ?“, го праша Клариса Вард преку микрофонот дислоцираниот продукциски тим, по што таа одговори да остнат безбедни и да се засолнат.
Само една минута подоцна, Клариса Вард им се извини на гледачите за „недоволно елегантната“ поза во која им зборуваше и прилично присебна со оглед на ситуацијата во која се наоѓаше. Таа започна да објаснува што се случува моментално во непосредна близина на границата со Појасот Газа, а целиот тој момент можете да го погледнете подолу.
„Ракетите на Хамас само ни прелетаа над главите, поради што моравме да се сокриеме во ендек покрај блискиот пат. Она што не утешува е фактот што се слуша и израелската Армија, што значи дека работат на пресретнување на истреланите ракети“, објаснува таа, додавајќи дека таа и нејзиниот тим на камермани се на неполни пет минути од граничниот премин.
- Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок број војници во последните 12 години
- МФ: Донесен Правилникот за утврдување на репутацијата и интегритетот на барателите на лиценци за игри на среќа, новина воведена со Законот за игри на среќа
- Еве каде Виктор Орбан летува и кој му прави друштво
- Google ги менува правилата: Сликите и снимките од вештачка интелигенција можат да останат без видлива трага
- Модринки без удар? Еве кога тие можат да бидат знак за предупредување
Тие заминале таму бидејќи областа беше првата точка на крвавата кампања на борците на Хамас овој викенд.
„Дојдоа со теренци и шират смрт насекаде“, вели таа покажувајќи го контроверзниот теренец што во меѓувреме го заплениле израелските сили.
Клариса Вард е наградувана британско-американска новинарка која за време на нејзината долга кариера како меѓународна репортерка, во многу наврати се нашла во слични ситуации опасни по живот. Таа беше во Украина на самиот почеток на руската инвазија, а за време на директен пренос за CNN, го прекина известувањето за да им помогне на Украинците да се евакуираат на безбедно. Во август 2021 година, таа известуваше во живо од Авганистан како го пренесува статусот на правата на жените во таа земја откако Талибанците ја презедоа власта.
Пронајдете не на следниве мрежи:



