Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со тешки изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во главнот италијански град Рим, јавуваат медиумите.
Силна експлозија на дистрибутивната станица за бензин, дизел и течен нафтен гас (LPG) на Виа деи Гордијани се слушнала низ целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија на која се гледа огромен облак од чад и пламен над пумпата.



