Дел од здравствените работници во Клиничката болница Тетово денеска излегоа на протест, обвинувајќи дека по години работа со договор на дело, останале без ветените решенија за вработување.
На нивно место, како што тврдат, на последниот конкурс биле примени надворешни лица без искуство, иако тие со години работеле без стаж, здравствено осигурување и право на одмор.



