Видео кое ја згрози цела Русија: Дали е вистина она што го кажува Трамп?

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД имаат најголем нуклеарен арсенал во светотКако што вели тој, Русија е на второ место , а Кина е „трета со голема разлика“.За време на состанокот со генералниот секретар на НАТО во Белата куќа, Трамп откри дека разговарал и за темата за нуклеарна деескалација со рускиот претседател Владимир Путин.„За време на нашиот разговор, претседателот Путин го спомена прашањето за нуклеарното оружје и потребата од деескалација и целосно се согласувам со тоа. Мислам дека тоа е добро, многу соодветно. Имаме најмногу нуклеарно оружје, Русија е втора, а Кина е трета, но веројатно ќе нè стигнат за четири или пет години. Тоа е едноставно премногу. Веќе се зборува за намалување на арсеналот и мислам дека ќе ја вклучиме Кина во тој процес “, рече Трамп.Изјавата доаѓа во време кога Вашингтон и Москва се обидуваат да го обноват дијалогот за контрола на стратешкото оружје, додека во исто време има растечки загрижености за брзиот развој на нуклеарната програма на Кина.

Пронајдете не на следниве мрежи: