Општина Крива Паланка има реализирано два милиони евра неповратни грантови од Европската унија, објасни денеска во гостување во Телевизија 24 градоначаникот Сашко Митовски.
Во врска со задолжувањето, односно унгарскиот кредит, Митовски смета дека треба да се внимава со задолжувањата и добро да се разгледаат сите услови, особено кога на општините им се достапни неповратни фондови од Европската унија.
– По однос на задолжувањето дали е оправдано или не е оправдано, јас ќе наведам само еден пример за сериозноста на Општината и општинската администрација на Крива Паланка за искористувањето на европските фондови кои ни стојат на располагање. Во три фондови денеска Крива Паланка резлизира повеќе од два милиони евра. Тоа од една страна ја отсликува сериозноста и капацитетот на Општина Крива Паланка, од друга страна користиме фондови и пари кои граѓаните немаат обврска да ги сервисираат. И денеска практично тоа го видовме и нотирано во извштајот на Европската комисија. Останува прашањето за оправданоста, по кои услови, каматни стапки ќе ги чини граѓаните ова задолжување со унгарскиот кредит, објасни Митовски.



