(Видео) Лудило среде булевар во Аеродром: Групна тепачка среде улица

Вчера попладне на еден од булеварите во скопската населба Аеродром се случила жестока тепачка меѓу група лица, објави „Слободен печат“.

На видео-снимка која кружи на социјалните мрежи, се гледа како неколку лица се пресметуваат физички среде улица, пред очите на случајни минувачи и возачи.

Причините за инцидентот засега не се познати, а официјална потврда од МВР сè уште нема. Се очекува надлежните органи да го идентификуваат инволвираните и да преземат соодветни мерки.

Пронајдете не на следниве мрежи: