Пратеничката група на Левица во Собранието ќе поднесе предлог-закон за измени на Законот за одбрана за ограничување на условите под кои нашите воени сили учествуваат во меѓународните мисии.
– Во услови на зголемени гео-политички тензии повеќе држави заземаат воздржано дејство за учество во конфликти надвор од својата територија. Учеството се ограничува исклучиво на операции одобрени од Советот за безбедност на ОН, објасни Мециновиќ на прес-конференција во Собранието.
Мециновиќ нагласи дека Собранието мора да го заштити интересот на граѓаните.



