Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за култура, Зоран Љутков и министерката за образование, Весна Јаневска, денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата Свети Спас.
– Великан, човек којшто оставил нераскинлива трага, денес се сеќаваме на него, на неговата борба за независна држава. За жал прерано го загубил својот живот на 31 година, би имал многу што да каже доколку преживеал. Уште еднаш да си го спомнеме неговиот лик и дело, да го чествуваме и тоа да ни биде пример како да ја градиме понатаму нашата татковина Македонија, изјави Мицкоски



