АНДОНОВ: Мицковски со платен список си ја купува лојалноста кон него, не кон партијата

Христијан Мицкоски со списокот платеници кој се појави во јавноста си ја купува лојалноста кон него, не кон партијата, вели во денешната епизода на Тешки муабети, професорот Оливер Андонов.

– Мицкоски со тој список си ја плаќа лојалноста кон него, не кон партијата. Никогаш ВМРО-ДПМНЕ не било помизерно, Мицкоски ги користи луѓто кои некогаш биле подобни за партијата да ги врзува на таков начин, со платен список на кој додава и нови ликови.

Активноста во партијата е доброволна, секој треба да има професија, политичар не е професија. Оттука имаме системска грешка во ВМРО-ДПМНЕ, денеска на сметка на членството на партијата се вработуваат луѓе преку кои претседателот на партијата си купува лојалност.

Таквото опкружување на луѓе нема да донесе ништо ново и свежина во партијата, а што станува со членството, обичното членство кое нема работна позиција во партијата?

Ние како фракција функционираме по принципот по промена на статут, за исклучиво со организациска структура одобрена од Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае кој и како ќе биде вработен во партијата, нагласи Андонов кој посочи дека функционерите на партијата не се тие што треба да бидат платени.

Пронајдете не на следниве мрежи: