(ВИДЕО) Наместо прашање за Путин, новинар ѝ предложи брак на својата девојка

Додека рускиот претседател Владимир Путин одговараше на прашања од граѓани и новинари, еден новинар ја искористи можноста да ѝ предложи брак на својата девојка и го покани рускиот лидер на свадба, објави РИА Новости.

На изненадување на сите, тој ѝ предложи брак на својата девојка, со прашањето: „Олга, дали ќе се омажиш за мене“?

Изненадувачкиот момент не само што ги воодушеви присутните, туку и самиот Путин на тоа реагираше со насмевка.

„Облечени сте како да сте подготвени за свадба“, забележа Путин, обраќајќи се кон новинарот, кој рече дека натписот не е шега.

„Знам дека мојата девојка го гледа преносот токму сега. Олечка, омажи се за мене“, рече Бажанов.

Новинарот продолжи: „Господине претседателе, би ни било многу драго да ве видиме на нашата свадба“.

Пронајдете не на следниве мрежи: