Драматичен и небоичен настан се случил утрово на автопатот 613 во јужна Италија, на делницата меѓу Лече и Бриндизи, каде група вооружени и маскирани лица извршиле организиран напад врз оклопно возило за транспорт на вредности, предизвикувајќи целосен прекин на сообраќајот.
Според написите, напаѓачите дигнале во воздух две возила за транспорт на готовина, објавува „Раи њуз“.
За да го нападнат, разбојниците блокирале друго возило на патот и го запалиле. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.
По нападот, државниот пат Бриндизи-Лече беше привремено затворен за сообраќај во двата правци. Според компанијата Анас, одговорна за одржување на патиштата, затворањето се однесува на делница од 8,3 до 12,8 километри, во областа Сан Пјетро Вернотика. Екипите на Анас и полицијата се на местото на настанот, го регулираат сообраќајот и работат на воспоставување нормални услови што е можно поскоро, се вели во соопштението.



