„Денот го завршуваме со една убава вест” – напиша заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ Транспорт.
„Вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисираа патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај.
Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а максималната брзина на овој вагон е 160 километри на час.
Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници,”- објави Николоски.
The post (Видео) Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон appeared first on Во Центар.



