МОЌНА изјава на Новак: Златен Грен слем – секако дека можам да го освојам!

Српскиот тенисер со голем оптимизам ја очекува новата сезонаНовак Ѓоковиќ напорно се подготвува за следната сезона каде покрај стандардните четири Грен слем турнири ќе ги има и Олимписките игри, што сигурно ќе биде посебен мотив за најдобриот светски тенисер.

Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево
Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Наведено е …
Учам да живеам со болеста
Канадската поп-пејачка Селин Дион се најде на насловната страница на француското издание на „Вог“. Во интервјуто за списанието, таа проговори за своето невролошко заболување наречено Синдром на …

Тој за шпанска „Марка“ откри кои се неговите цели за следната сезона, а допре и до златниот грен слем.

-Дали некој веруваше пред две, три или пет години дека можам да освојам три Грен слемови, луѓето мислеа дека тоа не е реално, додека јас имав спротивно мислење. Едноставно се познавам себеси и моето тело. Ако сум психички и физички на највисоко ниво, мислам дека можам да стигнам до златниот Грен слем – изјави Ѓоковиќ.Најдобриот светски тенисер истакнува дека со оваа изјава не сака да ги омаловажи другите тенисери кои исто така имаат големи амбиции.

Не сакам да звучи без почит кон другите тенисери, бидејќи секогаш внимавам на нив. Има илјадници такви кои се борат за секој Грен слем. Знам кој сум, верувам во себе и тоа е она што ме доведе до овие височини – заврши Ѓоковиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.