четврток, 12 ноември 2026
Најново

Видео од дремката на Хју Грант за време на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ стана хит на социјалните мрежи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Актерот Хју Грант, судејќи според снимките, малку му здодеа на Вимблдон.

64-годишниот актер им се придружи на голем број познати личности на трибините за време на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи, објавува Citymagazine.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Камера на BBC го сними моментот кога Хју накратко задрема – само неколку минути откако разговараше со кралицата Камила. Гледачите беа воодушевени кога го видоа на екранот.

Пред да заспие, Грант беше во одлично расположение. Со насмевка на лицето, тој разговараше со кралицата.

Секако, снимката од Хју Грант како спие брзо се прошири низ мрежата X, а шегите не престануваат да доаѓаат.

„Нека го разбуди некој Грант“, „Хју Грант спие на тенискиот терен, хаха“, „Најскапата дремка во историјата“ – се само дел од коментарите од гледачите.