Палестинските сили на Хамас објавија повеќе снимки од денешниот напад врз Израел.
Едно видео, чија автентичност сè уште не е потврдена, покажува уништување на наводен израелски тенк со ДРОН.

Многу корисници на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) истакнаа сличности со видеата од уништувањето на тенковите кои речиси секојдневно стигнуваат до нас од Украина.
На Твитер кружат различни шпекулации за тоа кој му помогнал на Хамас да го нападне Израел.
Така, Сергеј Шумлени, основач на Европскиот центар за иницијатива за отпор, организација за промоција на демократијата, вели дека Русија секако стои зад уништувањето на тенкот.
„Ниту еден сојузник на Хамас освен Русија нема искуство со користење беспилотни летала за фрлање бомби врз модерни борбени тенкови. Само Русија може да го научи Хамас како да го прави тоа“, смета Сумлени.
Потсетуваме, рано утринава беше уништен еден тенк Меркава IV, а заробен е најмалку еден член на екипажот.
Припадниците на Хамас од Појасот Газа денеска влегоа во јужен Израел и истрелаа илјадници ракети врз таа земја.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ова не е операција, туку војна и најави мобилизација на резервисти.
- Од тајни љубови до брак со 32 години помлада: Сите жени кои го одбележаа животот на Миша Ковач
- Излезноста во Бугарија до 14 часот е 14 отсто: Пријавени 424 изборни прекршувања
- Ноќен напад во Атина: Експлозија беше поставена пред канцеларијата на министерот за имиграција
- Google подготвува револуција: Gemini Live наскоро ќе работи без интернет
- Полицаец се запали по напад со молотов коктел, снимка од протестите во Франција



