По повод прославата на 90-годишнината, „Алкалоид“ објави промотивно видео кое преку топла и носталгична семејна приказна зборува за спомените, грижата и довербата што се пренесуваат низ децениите.
Видеото е снимено во соработка со More Magnets d.o.o., продукциската куќа на Филип Филковиќ-Филац од Хрватска.
Времињата се менуваат но суштинските вредности остануваат исти. Преку видеото се нагласува врската помеѓу минатото и сегашноста. Во фокусот на приказната се семејните моменти, блискоста и меѓусебната поддршка кои се пренесуваат од колено на колено.
Како бренд кој трае скоро еден век, „Алкалоид“ се позиционира како незаменлив дел од секојдневието и здравјето на многу генерации.
„Времињата се менуваат. Растеме, создаваме свои семејства, градиме нови спомени. Но некои нешта остануваат – малите гестови на грижа, блискоста и довербата што ја пренесуваме понатаму.
Токму од тие мали моменти се создаваат приказните што траат. Оние што нè поврзуваат со минатото, живеат со нас денес и продолжуваат со оние што доаѓаат по нас“.
90 години АЛКАЛОИД. 90 години доверба. Една приказна што продолжува.
ПР
The post (Видео) „Приказна што спојува генерации“: „Алкалоид“ со промотивно видео како дел од 90-годишниот јубилеј appeared first on Во Центар.



