(Видео) Радески: Резулатот од изборите покажува дека се намалува поддршката на власта

Резулатот од изборите покажува дека на власта и се намалува поддршката, а се зголемува поддршката на опозицијата и тоа е тренд, изјави Јовица Радески, кандидат за градоначалник на Општина Брвеница од СДСМ.
„Во споредба со минатите избори за градоначалник ВМРО има пад од над 13 проценти а СДСМ има раст од 46 проценти. Кога ќе се додадат гласовите на ЗНАМ и Левица што отидоа кај ВМРО во Брвеница, околу 400, падот на ВМРО е над 800 гласа. Секако не може да се биде задоволен со резултатот, но секако задоволни сме што граѓаните ја препознаваат нашата борба“, рече тој.

Радески кажа дека ЗНАМ и Левица гласале за ВМРО, а луѓето од Платформата ЗНАМ 2.0 работле против него и против СДСМ.
„Не помогнаа, туку одмогнаа. Дури одредени луѓе токму од оваа Платформа повикуваа и да не се излезе на гласање и да не се гласа. Другари, требаше да дојдете и да помогнете. А не сега да кажувате за Брвеница. Размислете каква штета правите. Или молчете или помогнете, доста одмагате. Црна дамка на изборите фрли објавувањето на резултатите од гласањето на болните и изнемоштените, уште пред да се отворат кутиите. Очекувам и барам истрага за точно да се види кој ги отворил кутиите, кој ги броел и кој го пратил бројот да се објави јавно, пред да стигне до комисијата“, рече тој.
Според Радески, изборите во Брвеница уште еднаш покажале дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија.
The post (Видео) Радески: Резулатот од изборите покажува дека се намалува поддршката на власта appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: