петок, 27 ноември 2026
Најново

(Видео) Радосна вест: Дамјан ја победи болеста и заѕвони на ѕвончето во Детската клиника

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде повторно одекна „победничкото ѕвонче“ – симболот на успешно завршена борба со тешка болест. Овојпат, ѕвончето го заѕвони храбриот Дамјан, кој по долг и тежок период на лекување ја извојува својата најважна победа.

Од Клиниката соопштија дека Дамјан ја поминал и ја освоил битката со огромна храброст и издржливост, а медицинскиот тим упати искрени честитки за неговото оздравување.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„На Дамјан му посакуваме многу здравје и среќно, безгрижно детство“, порачаа од Клиниката, споделувајќи ја радоста со семејството, персоналот и сите што го следеа неговото закрепнување.

Поврзани вести