петок, 27 ноември 2026
Најново

(Видео) Рики Мартин панично бега од сцената- објавена е снимка на инцидентот со солзавец во Црна Гора

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Популарниот пејач настапувал на Плоштадот на независноста во Подгорица по повод Денот на независноста на Црна Гора, а концертот, на кој се собрал голем број луѓе, бил накратко прекинат по опасен инцидент во публиката, објави Телеграф.

Според видеата што кружат на социјалните мрежи, во еден момент меѓу посетителите владеела целосна паника. Се слушале вресоци, додека дел од публиката се обидувал да стигне до излезот од страв.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Кратко потоа, Рики Мартин, видливо вознемирен, се засолнил зад сцената, барајќи засолниште додека ситуацијата не се смирила.

Да потсетиме дека и црногорската полиција се огласи за инцидентот што се случил во четврток вечерта, а Милан Делиќ, шефот на ОКЦ, изнесе официјални детали.

– Синоќа околу 23 часот, во близина на сцената бил активиран рачен канистер со солзавец, што предизвикало кратка паника кај граѓаните. Концертот набрзо продолжил. Полицајците од одделот за криминалистичка полиција фотографирале и заплениле дел од канистерот со солзавец што бил пронајден во близина на сцената. Лицето кое го фрлило канистерот со солзавец ќе биде пронајдено наскоро – изјавил Милан Делиќ, раководител на ОКЦ, објавија медиумите во Подгорица.

@pts3634 #rickymartin #montenegro #podgorica #fyp ♬ original sound – BK

Поврзани вести