понеделник, 16 ноември 2026
Најново

(Видео) Ристовска Додевски: Два месеци учениците од Центар без бесплатниот оброк ветен од Бетон Герасимовски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Два месеци учениците од Центар се без бесплатниот оброк ветен од Бетон Герасимовски, кој беше ветен во предизборието, обвини Диана Ристовска Додевски, претседателка на УЖ ВМРО – ДПМНЕ Центар и советник во Општина Центар.
„2500 ученици од Центар и натаму си го плаќаат својот училишен оброк, заради неспособноста на Бетон Герасимовски и администрацијата на СДС. За да го прикрие својот неуспех, другарот на Филипче, излезе со предлог во Советот на Општина Центар, наместо бесплатен оброк, истиот да биде субвенциониран. Но, таа сума не покрива ниту половина од месечниот оброк кој Герасимовски го вети на центарци“, рече таа.

Ристовска Додевски вели дека јавноста заслужува да знае, зошто учениците од училиштата во општина Центар два месеци се без бесплатен оброк директно ветени од Герасимовски?
„Училиштата започна на први септември со работа, денеска е 16 ноември, центарци се излажани. Герасимовски по стапките на Венко Филипче, ветува а не исполнува. Но, иако нема бесплатен оброк, ВМРО-ДПМНЕ во интерес на граѓаните, учениците и нивниот ученички стандард, на седницата во петок, 13-ти ноември го поддржа предлогот за субвенциониран оброк“, рече Ристовска Додевски.

Поврзани вести